Достапни линкови

Во Европа по подобар живот?


Виза
Виза

Експертите очекуваат дека визната либерализација ќе донесе социјално празнење на Македонија. Граѓаните и бизнисмените пак сметаат дека безвизниот режим со ЕУ ќе ги поедностави патувањата

Со укинивањето на визите експертите очекуваат социјално празнење на Македонија. Аналитичарите сметаат дека квалитетниот и професионален кадар ќе се прелее во Евопа, дека многу млади од Македонија со визната либерализација ќе се обидат во европските земји да си најдат подобра иднина работејќи на црно.
Мораме да предвидиме ситуации во кои ќе се најде републиката кога ќе се укинат визите. Мислам дека ние немаме уште симулации што тоа ќе значи


„Мораме да предвидиме ситуации во кои ќе се најде републиката кога ќе се укинат визите. Мислам дека ние немаме уште симулации што тоа ќе значи,“

Вели аналитичарот Димитар Мирчев

Но младите на ова прашање се со поинаков став. Најмногу им одговара што нема да мораат да чекаат ред пред амбасадите и ќе можат без проблем да шетаат.

„И приватно и професионално сакам да патувам. Како новинар мојата работа треба да е поврзана со патување. Секако дека треба да ми е полесно ако не треба поединечно да одам по амбасади за виза.“

„Како студент би сакала да ја прошетам Европа и да видам како е таму.“

Укинувањето на визниот режим ќе придонесе многу за подобрување на бизнис
климата. Полесно ќе ги равиваат односите со клиентите ,сметаат бизнисмените.

„Нормално, кога немате пречки кои ве оптоваруваат, ќе се олеснат и контактите и патувањата,“

вели Ѓорги Тренев директор на винаријата Бовин.

Утре Европската комисија треба да ги усвои препораките за визна либерализација за земјите од Западен Балкан.либерализацијата ќе значи дека луѓето нема да треба да минуваат низ процедурата неопходна за добивање на виза.На тој начин ќе се добива дозвола за краток престој во Земјите членки на Европската унија. Луѓето ќе смееат да престојуваат само 90 дена во рок од половина година. Ако остана повеќе од 90 дена постои можност да им биде забранет повторно влез во Европските земји.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG