Достапни линкови

Промените во владата пред пратениците


Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated
Macedonia - Inside the Assembly meeting hall, Skopje, undated

Собранието на денешната седница треба да ги констатира оставките на министрите, како и разрешувањето на министерот за финансии Трајко Славевски. Тој најави обраќање за да каже нешто во своја одбрана

На денешната собраниска седница, Собранието треба да ги констатира оставките на министрите за образование и за земјоделство Перо Стојановски и Ацо Спасеноски и на вицепремиерот задолжен за евроинтеграции Ивица Боцевски. На дневен ред на денешната седница е и предлогот за разрешување на министерот за финансии Трајко Славески. Тој е единствениот министер што не поднесе оставка, туку, премиерот Никола Груевски го разрешува. Славески најави дека ќе го искористи деловничкото право од 15 минути, да им се обрати на пратениците и да каже нешто во своја одбрана. Опозицијата најавува дека ќе побара собраниска расправа, за работата на владата.

Премиерот Груевски на владина прес конференција
Според собранискиот деловник, расправа може да се отвори ако тоа го побараат петмина пратеници и ако биде изгласано од парламентот. Пратеникот Тито Петковски, од опозициската НСДП, се сомнева дека парламентарното мнозинство ќе прифати расправа. Нема да гласаме за предложените нови министри, зашто проблемот не е само во министрите, вели тој.

„Не, не, не, никако ние сметаме дека треба да си оди Груевски, а не да се изберат нови министри.“

Пратеникот Имер Алиу од ДПА вели дека треба да има расправа за работата на министрите.

„Цениме дека ваквиот начин на оставки на министрите на Груевски е бегање од тоа што сработиле.“

Алиу се сомнева дека министерот Славески има што да каже во своја одбрана.

„Тој не заслужува да остане министер, очигледно. Како и да е, тој има право да образлложи во минутите што ги има, па кој знае можеби ќе слушнеме нешто ново и интересно, преродбенички.“

Пратеникот Тахир Хани од владејачката ДУИ најавува дека тие ќе го подржат изборот на нови министри.

Министерот за финансии Трајко Славевски
„Тоа е одлука на премиерот Груевски и ние ќе ги прифатиме неговите одлуки, што значи и разрешувањето и оставките на министрите и ќе гласаме за новите кадри на ВМРО ДПМНЕ во владата.“

Хани вели дека, во договор со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, ќе одлучат дали ќе прифатат собраниска расправа. Сепак, вели тој, ќе го подржат прелогот за разрешување на Славески.

„Тоа не зависи од нас, тоа не е наш кадар, ние одлучуваме за нашиот, ние за нивниот.“

Премиерот Груевски го предлага вицепремеирот Зоран Ставрески за нов министер за финансии, иако Ставрески ќе остане и потпретседател на Владата. Образованието му се доверува на досегашниот директор на скопски катастар Никола Тодоров, а нов министер за земјоделство ќе биде Љупчо Димовски. Перица Ивановски треба да биде негов заменик, на местото на досегашниот Кристијан Делев. Директорот на СЕАФ-фондот, Владимир Пешевски и професор Васко Наумовски се предложени за вицепремиери задолжени за економија и за евроинтеграции.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG