Достапни линкови

За светот САД се уште се многу арогантни


Најновото испитување на јавното мислење спроведено во 20 земји со повеќе од 60 насто од светската популација покажува дека мислењето за САД, не се смени многу откако Барак Обама стана претседател.

Во 15 од 19 земји, според истражувањето, сметаат дека Соединетите држави ги плашат другите земји со својата моќна воена сила. Во 17 земји за Соединетите држави мислат дека го нарушуваат меѓународното право. Во истовреме, во 13 очекуваат Барак Обама да води добра надворешна политика. Стивен Кул, директор на центарот за испитување на јавното мислење, вели дека надвор од Соединетите држави луѓето во Обама гледаат како на кормилар на голем брод што неколку децении оди во специфична насока и кој сега има капацитет да го поведе во нов правец.

,,Тие се сигурни дека промената нема да биде веднаш. Има многу работи што ја водат американската надворешна политика, а не само квалитетите на претседателот.,,

Над 60 насто од испитаниците во Ирак, Египет, Пакистан и Палестина немаат никаква доверба во Обама, покажува истражувањето кое било спроведено по говорот на американскиот претседател во Турција во април годинава, но пред неговото обраќање во Египет. Кул смета дека тоа ќе донесеше некое подобрување за неговиот имиџ во муслиманскиот свет.
Има многу работи што ја водат американската надворешна политика, а не само квалитетите на претседателот.,,
..


,,Можеби за неколку процентни поени, но се сомневам дека тоа ќе беше некоја решавчка промена. Веќе гледаме некои позитивни сигнали. Луѓето се надеваат, но не се многу убедени. Тоа е некоја ситуација кога првин се бараат резултати.,,

Слични се резултатите и во Русија. 55 проценти не му веруваат на Обама. Светскиот просек на доверба во американскиот претседател е шеесет и еден насто. Од друга страна, скоро 47 насто од русите сметаат дека Соединетите држави се кооперативни.

,,Обама испрати поинаков сигнал од неговиот претходник во однос на радарите во Европа. Тој изрази отвореност да преговара за тоа. Но, русите мислат дека постои некаква игра во регионот околу Русија и оти Америка се обидува да победи.,,

Вели Стивен Кул, директор на центарот за испитување на јавното мислење
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG