Достапни линкови

(Не)Исполнети реформи за ЕУ?


Ерван Фуере - Амбасадор на ЕУ во Македонија
Ерван Фуере - Амбасадор на ЕУ во Македонија

Според експертите, Македонија многу малку има сторено за исполнување на реформите испорачани од ЕУ, кои пред се се однесуваат на независно судство, поефикасна борба против корупцијата и професионална администрација...

Реформи во судството, професионална и непартизирана администрација, донесување и спроведување на европски закони, дијалог меѓу власта и опозицијата, слободни и независни медиуми. Ова се дел од барањата на Европска Унија кои Македонија мора да ги исполни ако сака да влезе во Унијата. Експертите кои ги следат евроатланските интеграции сметаат дека многу малку од овие барања се исполнети.
А второто се однесува на реформите за јавната администрација, каде што е потребен многу труд, а се има постигнато многу малку прогрес


,,Што е тоа што стои во место? Законот за Собрание. Владата, требаше април месец да биде донесен, но сеуште не е донесен. Во делот на политичкиот дијалог има многу работи што не се направени, Деловникот е сеуште актуелен."

Вели Лидија Димоска од Македонскиот центар за европско образование. Од Секретаријатот за европски прашања велат треба да доработат на еден дел од политичките и економските критериуми и дел од законодавството.

,,Ни остана законот за администрација. Голем дел од администрацијата е опфатена со овој закон, меѓутоа има одредени делови кои не се во надлежности на тој закон и се обидуваме тие делови од јавна администрација да влезат под законот за државна администрација."

Вели Државниот секретар Перо Димишовски
Евроамбасадорот Ерван Фуере смета дека во некои области има подобрување, но во два критериума има големи недостатоци во
При последната средба е констатирано дека реформите во судството се далеку од потребното ниво и борбата против корупцијата
исполнувањето.Фуере вели дека правните реформи сеуште заостануваат, нема доволно докази кои покажуваат дека судсвото е целосно независно.

,,А второто се однесува на реформите за јавната администрација, каде што е потребен многу труд, а се има постигнато многу малку прогрес што се однесува на осигурување на имплементирање на ефективно законодавство на поставеност и почитување на структурата за напредување во кариерата и да се нема навика која се случуваше толку често во минатото, јавните службеници да се отпуштаат кога на власт ќе дојде нова администрација, независно дали на национално или локално ниво."

Од Националниот совет за евроинтеграции велат дека со тоа што е исполнет критериумот за фер и демократски избори се создава атмосфера дека сите услови се исполнети. Андреј Жерновски член на Советот вели дека многу малку е направено за исполнувањето на барањата на Европска Унија. Како најслаби точки ги посочува реформите во судството и борбата против корупцијата.

,,При последната средба е констатирано дека реформите во судството се далеку од потребното ниво и борбата против корупцијата, воопшто не е така како што Владата не уверува. Постои расположение во Брисел да ни се даде датум за преговори, но за жал ние не работиме и недоволно го користиме сето тоа."

Извештајот за напредокот на Македонија Европската Унија ќе го затвори кон крајот на септември. Овој извештај ќе и биде достапен на јавноста во првата половина на октомври.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG