Достапни линкови

Избори за Европскиот парламент: победа на конзервативците


Конзервативците победија на изборите за Европскиот парламент, покажуваат првичните резултати од гласањето што деновиве се одржа во дваесет и седум членки на Европската унија.

Партиите од десниот центар убедливо ги победија левичарските партии и со тоа ќе имаат скоро двесте и седумдесет од седумстотини триесет и шестте места во Европскиот парламент. Партиите од левиот центар пак, очекуваат да добијат околу сто и шеесет места што е за пеесет и шест помалку од она што го освоија пред пет години. Во Германија, Франција, Полска и Италија победија владејачките десничарски коалиции, додека опозицоните партии имаат подобри резултати од владејачките во Словенија, Унгарија, Естонија и Бугарија. Места во европарламентот освоија и екстремно десничарските партии во Британија, Холандија, Австрија, Данска, Словачка и Унгарија. Во Британија први две места во Европскиот паралмент освои екстремистичката Британска национална партија која отворено застапува расистички и анти муслимански ставови, заговара антиимигратска политика и е против членството на Турција во Европската унија. Тие две места досега ги имаше владејачката Лабористичка партија која доби четиринаесет насто од гласовите.
Седиштето на Европскиот парламент во БРисел
Антирасистичките активисти сметаат дека тоа е првото заминување на британските екстремисти во Брисел. Конзервативците, според неофицијалните резултати, се поразени во Грција каде што ПАСОК очекува четириесет проценти од гласовите. Најновите европски избори покажаа дека се намалува интересот на граѓаните. Забележан е рекордно низок одѕив, само четириесет и три проценти од триста седумдесет и петте милиона со право на глас. Некаде како во Литванија и Словачка тој изнесува нешто над дваесет насто.

,,Ова е многу разочарувачки, особено за Европскиот парламент кој многу инвестираше во кампањата за мобилизирање на гласачите. Мислам дека тоа делумно е поради фактот што дебатата беше фокусирана врз домашни прашања.,,

Изјави потпретседателот на европската комисија за комуникациска стратегија Маргот Волстром, потврдувајќи дека скоро насекаде економски проблеми беа пред паневропските теми што е разбирливо со оглед на невработеноста која само во евро зоната порасна на над девет насто.

,,Мислам дека новиот парламент ќе има време и можност да им ја покаже својата моќ на европските граѓани. Го достигнавме најниското ниво на одѕив, сега треба да се свртиме кон иднината.,,
Ова е многу разочарувачки, особено за Европскиот парламент кој многу инвестираше во кампањата за мобилизирање на гласачите. Мислам дека тоа делумно е поради фактот што дебатата беше фокусирана врз домашни прашања...


Рече еврокомесарот за правда и безбедност Жак Баро. Бројот на пратениците кои не треба да имаат некои посебни квалификации, освен да се државјани на земјите членки на Унијата, се одредува според бројот на жителите. Така, например, најмногу ги има Германија, деведесет и девет, а најмалку Малта, пет. Франција, Италија и Британија имаат по седумдесет и два пратеника. Инаугурационата седница на Европскиот парламент треба да се одржи во средината на идниот месец. Таа е единствената демократски избрана институција на Европската унија и според сегашниот договор, има право да гласа за две третини од законите кои се спроведуваат во земјите членки. Парламентот нема дирактно влијание врз надворешните работи, но може да врши голем притисок врз одлуките на Европската комисија. Овој парламент ќе биде поразличен од претходните по неколку новини. Месечната плата на пратениците ќе биде над седум ипол илјади евра со што завршува досегашната пракатика тие да примаат плата како колегите во нивните национални парламнети, ќе мора да поднесуваат сметки за нивните трошоци и не ќе можат да вработуваат свои роднини.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG