Достапни линкови

Нема нов аранжман со ММФ


Министерот за финансии Трајко Славевски и новиот шеф на Мисијата на ММФ во Македонија, Вес Mек Гру
Министерот за финансии Трајко Славевски и новиот шеф на Мисијата на ММФ во Македонија, Вес Mек Гру

Министерот за финансии Трајко Славевски на прес конференција со новиот шеф на ММФ Вес Мек Гру соопшти дека не е договорен аранжман со ММФ. Мек Гру го повтори предвидувањето на Фондот за пад на економијата од два насто

Нема нов аранжман со Меѓународниот монетарен фонд, информираше денеска Министерот за Финансии Трајко Славески заедно со новиот шеф на мисијата на фондот Вес Мек Гру и Гувернерот Петар Гошев. Славески нагласи дека во текот на минатата недела, додека Мекгру се запознаваше со макроекономската состојба во земјава, не било договорен нов аранжман со фондот, додавајки дека
Ја цениме подадената рака за техничка помош, совети и слично и остануваме отворени, во краен случај, на такви неповолни екстерни ефекти врз македонската економија од она што се случува надвор, да разговараме ако е неопходно во иднина и за потесна соработка, којашто би значела и финансиска поддршка во форма на програма со ММФ
соработката со организацијата ќе продолжи на други полиња

„Секако ги следиме промените во процедурите на ММФ, условите и слично. Ја цениме подадената рака за техничка помош, совети и слично и остануваме отворени, во краен случај, на такви неповолни екстерни ефекти врз македонската економија од она што се случува надвор, да разговараме ако е неопходно во иднина и за потесна соработка, којашто би значела и финансиска поддршка во форма на програма со ММФ.“

Министерот Славески заедно со вицепремиерот Зоран Ставрески неодамна беа во потрага по комерцијални кредити за намалување на дефицитот. Непосредно по потрагата, кредитниот рејтинг на земјава беше намален. Запрашан зошто се трагало по комерцијални кредити кога ММФ има поповолна понуда, посебно во поглед на каматните стапки, Славески одговара:

„Не знам од каде ви е таа информација. Нема такви средства. Пазарите сеуште се во потрага по параметрите по кои се задолжуваат средствата, а беше спомнато дека некои работи не треба да се споредуваат, затоа што се неспоредливи.“

Шефот на мисијата на ММФ Вес Мекру ги повтори прогнозите за економијата во земјава

„Проекцијата на БДП е минус два отсто. Сепак би сакал да нагласам дека како што пристигаат повеќе информации оваа бројка може да се приспособи во обете насоки. Што се однесува до подршката на ММФ, тоа го одлучува Владата и не би можел да зборувам за тоа.“

Инаку неофицијално, ММФ ги адаптираше проценките за финансиската криза четири пати во рок од шест месеци. Запрашан колку се релијабилни проценките за македонската економија, Мекру вели:

„Во крајна линија, дали 2,8 отсто е соодветна бројка, зависи од економските случувања, односно од достапноста до финансиски сретства како и случувањата во врска со платниот биланс.“

Гувернерот Петар Гошев ја заклучи средбата со потврда дека состојбата на девизните резерви во последно време не е променета.
XS
SM
MD
LG