Достапни линкови

Со или без ММФ?


Зградата на ММФ во САД
Зградата на ММФ во САД
Новиот шеф на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд Вес Мекгру деновиве се запознава со макроекономската состојба во земјава. Тој во своите обраќања посочи дека можноста за нов аранжман на ММФ со Македонија е во рацете на Владата. И додека
Доколку во наредните месеци дојде до влошување на економската состојба во Република Македонија, директно поврзана со економската состојба во регионот и Европа, имаме опција и аранжман со ММФ за поддршка на девизните резерви на земјата
претставници на бизнис заедницата и економисти посочуваат дека земјава не треба да ја прекине соработката со Фондот, се чини дека надлежните се заинтересирани за повлекување на 77 милиони американски долари наесен, во крајна нужда, без склучување на формален аранжман.

Од Владата за сега нема коментар околу тоа дали дефинитивно земјава ќе му се врати на фондот. Министерот за финансии Трајко Славески, изјави дека нов аранжман со меѓународната институција е можен доколку работите се влошат.

„Доколку во наредните месеци дојде до влошување на економската состојба во Република Македонија, директно поврзана со економската состојба во регионот и Европа, имаме опција и аранжман со ММФ за поддршка на девизните резерви на земјата.“

Во изминатиов период Владата беше позаинтересирана за задолжување од комерцијални банки. Експертите на неколку наврати посочија дека заем од комерцијална банка би бил поскап од аранжман со ММФ бидејки каматните стапки на банкарските кредити се во висина од просечно десет отсто. Сепак, во екот на потрагата, кредитниот рејтинг на земјава беше намален, што може да го проблематизира одобрувањето на комерцијални кредити.

Економистите сметаат дека аранжман со ММФ е потребен, ако за ништо друго, тогаш за поголема сигурност. Професорот Мирољуб Шукаров смета дека аранжман со ММФ не би бил потребен доколку Македонија има солидна екстерна ликвидност
Едно од подобрите решенија е аранжман со ММФ, којшто ќе го врати оптимизмот дека Македонија нема да дојде во ситуација на екстерен банкрот


„Меѓутоа, во денешни услови, кога извозот драстично опаѓа и нема видливи знаци дека ќе може брзо да се поправи, кога кредитите од приватните кредитори се прилично остри и неповолни за Македонија, тогаш едно од подобрите решенија е аранжман со ММФ, којшто ќе го врати оптимизмот дека Македонија нема да дојде во ситуација на екстерен банкрот.“

Инаку според неофицијални проценки, освен во странство, Владата е задолжена и дома, со приближно 300 милиони евра кон македонските граѓани. Долгот е по основа на обврзници за денационализација и на обвцрзници издадени за стара девизна заштеда.
XS
SM
MD
LG