Достапни линкови

Најважна - партиската припадност


Во Македонија при вработување,партиската книшка е побитна отколку степенот на завршено образование,сметаат граѓаните.Тие велат дека поради овој проблем во институциите се вработуваат кадри кој не се соодветни за извршување на работата и дека луѓето се зачленуваат во политичките партии само побргу да најдат работа.

„Членската книшка е побитна ако сакаш да просперираш. Имаме случај каде што во образование предаваат луѓе со несоодветно образование, дури среднисти кои се запишани на факултет. Досега образованието сепак нешто се ценеше, меѓутоа, во плурализмот почна веќе партиското членствот, книшката“.

„Партиската книшка многу вреди, а другото, школото, малу вреди“.

„Треба да се гледа ссепак соодветноста на образованието. Без разлика ако е од партија назначен, да се цени сепак соодветноста на струката, на прфилот што го имаш“

„Повеќе се цени партиската книшка. Сите се зачленуваат за да се вработуваат“.

Овој проблем кој веке од поодамна ги мачи граѓаните почна да се менува кон подобро велат студентите.Самоил Малчевски претседател на Сојузот на студенти при Универзитетот Свети Кирил и Методиј вели дека од пред неколку години при вработуање веке се почитува дипломата.

„Тоа било тенденција можеби 50 години наназад. Но, доброто е тоа што последните неколку години полека, полека се менуваат работите. Значи, за првпат почна да се почитува институцијата конкурс, младите луѓе во Република Македонија кои се квалитетни и кои притоа не сакаат да бидат партиски членови, конечно можат да го добијат своето вработување“.

Со слично мислење е и Сади Беџети ректор на државниот Тетовки универзитет.Тој посочува дека пред се е најважна дипломата и знаењето и дека само така може да се подобри ситуацијата во земјава

„Порано се случуваше, но претпоставувам политиката е сменета. За нас е многу важно почитувањето на критериумите, пред се успехот во школувањето“.
XS
SM
MD
LG