Достапни линкови

Протести и барања


Од демонстрациите против полициската бруталност
Од демонстрациите против полициската бруталност

Демонстрантите ги доставија нивните барања до државните институции. Протестите против полициската бруталност продолжија

Младите на протестот тргнаа од Собранието на Република Македонија. каде што ги извикуваа своите пароли, дека не се политичка партија, дека ги бараат своите права и бараат правдината за убиството на 22 годишниот Мартин Нешкоски да излезе на виделина.

На нивниот протест, единствено може да се видат само црни знамиња и сликата на Мартин Нешкоски, момчето кое пред една недела, беше претепано до смрт, на плоштадот Македонија.

Демонстрантите денеска ги доставија нивните протесни барања до државните институции, до претседателот, до Народен правобранител и Јавниот Обвинител.
Претставници на мисијата на ОБСЕ во Скопје вчера се сретнаа со членови на координативното тело на малдите што протестираат. Од таму велат дека со нив дискутираале за организацијата на протестите и идните планови како и за предизвиците со кои се
Ги повикуваме да преземат мерки во рамките на нивните надлежности. Така што, доколку секоја од нив барем по една точка се произнесе позитивно, тоа навистина ќе биде голем успех за нас.

соочуваат.

Еден од учениците на протестите и претставник на телото за односи со јавноста Петар Стојковиќ вели дека очекуваат државните инситуции набрзо да преземат мерки за нивните барања.

„Ги повикуваме да преземат мерки во рамките на нивните надлежности. Така што, доколку секоја од нив барем по една точка се произнесе позитивно, тоа навистина ќе биде голем успех за нас, бидејќи во моментов се доведе во прашање некои основи човекови, демократски права, така што би било навистина добро доколку добиеме било каков фидбек.“

Тој додава дека не планират да престанат со протестите се додека не добијат фидбек за тоа што го прават. Народниот правобранител, Иџет Мемети, вели дека уште од почетокот водат своја истрага за настанот.

Демонстрантите очекуваат дека државните инситуции ќе преземат мерки за нивните барања

„Ќе го следиме случајот до крај, затоа што сметаме дека ова е многу битно од аспект на тоа што значи заштита на човековите права и слободи, владеење на законите и демократски односи во едно општество.“


Во министертвото за внатрешни работи велат дека штом ќе ги добијат протесните барања тие ќе им одговорат.
Ќе го следиме случајот до крај, затоа што сметаме дека ова е многу битно од аспект на тоа што значи заштита на човековите права и слободи.

Демонстрантите бараат распуштање на специјалните единици на полицијата како што се „Алфи“ и „Тигри“, формирање на нови професионални едници за тие намени кои меѓу дргото ќе посетуваат и задолжителна обука за контрола на гнев. Тие бараат замена на секторот за вантрешна контрола во МВР со независно граѓанско тело, зголемена контрола над МВР, од страна на собранието, зголемени казни во кривичниот законик за кривични дела што работниците во МВР ќе ги сторат без разлика дали се или не се на служба на работа, како и целосно расчиствување на инцидентот, независна истрага за идентификација на припадниците на МВР кои му помогнале на специјалецот да се прикрие делото и суспензија на Министерката Гордана Јанулоска и портпаролот Иво Котевски.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG