понеделник, ноември 24, 2014 Скопје 22:04

Вести

ОБСЕ загрижена за полициското малтретирање на новинарите на Слободна Европа, Фокус и Нова ТВ

21.05.2014
Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ денес изрази длабока загриженост во врска со принудните дејствија од страна полициските службеници насочени кон новинари кои покриваа демонстрации во Скопје.

"Новинарите мора да бидат во можност да  покријат демонстрации слободно и без страв од малтретирање. Секое прекршување на правата на новинарите е јасно кршење на правото на слобода на медиумите и не може да се толерира ", порача Мијатовиќ.
 
Вчера, Мери Јордановска, новинар на Фокус, Сашка Цветковска новинар на интернет порталот Нова ТВ  и Марија Митевска, новинар во Радио Слободна Европа беа застрашувани од полициски службеници и принудени да ги избришат видо и фото материјалите снимени на демонстрациите во општина Ѓорче Петров.  Од новинарите е побарано да се идентификуваат и тоа било регистрирано од страна на полициските службеници .
 
"Ги повикувам властите брзо да го испитаат овој инцидент и да преземат чекори за да се осигура дека  службите за спроведување на законот ги почитуваат правата на преставниците на медиумите ", рече Мијатовиќ.

Инаку новинарите на „Фокус“, „Нова ТВ“ и „Радио слободна Европа“ , Мери Јордановска, Сашка Цветковска и Марија Митевска поднесоа преставка до Секторот за внатрешна контрола на МВР за некоректен однос на полицијата и бришање снимани материјали од вчерашните инциденти во Ѓорче Петров, по повод убиството на 19-годишниот Анѓел Петковски. Од Секторот за внатрешна контрола ветиле дека ќе ги најдат сторителите и доколку се докаже дека тврдењата се точни, ќе се преземат санкции.

Календар

Хајд Парк

Македонските граѓани не веруваат дека Горна Република Македонија би можел да значи крај за грчко-македонскиот спор за името.

Македонските граѓани не веруваат дека Горна Република Македонија би можел да значи крај за грчко-македонскиот спор за името.

Погледни го видеото

Анкета

Анкети архива