среда, април 01, 2015 Скопје 03:04

Вести

Путин и Меркел разговарале за Украина

Архивска фотографија.

30.01.2014
Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел синоќа телефонски разговарале за Украина. Од канцеларијата на Меркел соопштуваат дека канцеларката го повикала Путин да помогне Украинците да се согласат на конструктивен дијалог. Од Кремљ, пак, соопштуваат дека за Путин е неприфатливо мешање однадвор. Претходно, Путин изјави дека Русија ќе почека Украина да формира нова влада пред Москва целосно да и обезбеди 15 милијарди долари заем за олеснување на економската криза во Украина. Украинската влада поднесе оставка во вторникот, но сè уште не е познат составот на новиот кабинет. По разговорите во Киев со претседателот Виктор Јанукович, шефицата за надворешна политика на Европската унија, Кетрин Ештон, повика сите страни да стават крај на насилството и заплашувањето.
30 јануари 2014
30 јануари 2014

Календар

Хајд Парк

Колку граѓаните се запознаени со содржините од прислушуваните разговори, веруваат ли дека се автентични и дали се смени нивното мислење за начинот на практикување на власта?

Колку граѓаните се запознаени со содржините од прислушуваните разговори, веруваат ли дека се автентични и дали се смени нивното мислење за начинот на практикување на власта?

Погледни го видеото

Анкета

Анкети архива