понеделник, јули 28, 2014 Скопје 22:27

Вести

Нови случаи на разни видови грип во Македонија

Илустрација

18.01.2013
Од дополнителните лабораториски анализи во Институтот за јавно здравје, уште кај девет пациенти е докажано присуство на вирусот на грип, изјави Јованка Костовска, раководител на Сектор за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство.
- Од деветте нови позитивни случаи кај шест станува збор за вирус на грип од типот А (H1N1), а кај двајца за вирус на грип од типот А (H3N2), додека кај еден случај кој многу доцна е дојден на Клиниката за инфективни болести е потврдено само инфлуенца А, истакна Голубинка Бошевска од Институтот за јавно здравје.

- Веќе неколку пати е спомнато од Светската здравствената организација дека веќе зборуваме за сезонски грип и не употребуваме термини свински грип или пандемски грип, рече Костовска.
Таа ги повтори препораките до населението, дека сите пациенти кои не се во ризична група, а добијат симптоми на грип (температура, кашлица, главоболки и болки во мускули, солзење, кивање) сите може да се лекуваат и во домашни услови со симптоматска терапија (парацетамол, витамини, толи напитоци) и одмор. Доколку за три дена кај нив не се смири состојбата туку се влошува треба веднаш да побараат лекарска помош.
- За лицата кои се хронично болни - лица над 60 години, деца под двегодишна возраст, бремени жени, кои ќе добијат симптоми на грип без разлика дали е лесна клиничка слика, веднаш треба да побараат лекарска помош од матичниот лекар затоа што за нив веднаш треба ординирање на антивурисна терапија или тамифлу кој треба да се даде во првите 48 часа, рече Костовска.
18 јануари 2013
18 јануари 2013

Календар

Хајд Парк

Море, езеро, планина? Граѓаните што ги анкетиравме велат дека или немаат пари за на одмор или оти нивниот прв избор е Грција - има море, а е најблиску и најевтино. Кој е вашиот избор за летување?

Море, езеро, планина? Граѓаните што ги анкетиравме велат дека или немаат пари за на одмор или оти нивниот прв избор е Грција - има море, а е најблиску и најевтино. Кој е вашиот избор за летување?

Погледни го видеото

Анкета

Анкети архива