среда, мај 22, 2013 Скопје 07:43

Вести

Средба „за запознавање“ на Попоски и Аврамопулос во Њујорк

Средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција Никола Попоски и Димитрис Аврамопулос.

Големина на буквите - +
24.09.2012
Mинистерoт за надворешни работи Никола Попоски денеска во Љујорк се сретна со  неговиот грчки колега Димитрис Аврамопулос.

Од македонската делегација средбата, која е прва меѓу двајцата министри, ја опишуваат како можност за нивно запознавање. Македонската страна настапила со барање за почитување на времената спогодба и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој пресуди дека Грција не смее да ги блокира македонските интеграции.

Грчкиот министер не дал обврски по ова прашање, наместо тоа од Македонија барал почитување на грчките чувства поврзани со нивната историја..
Двајцата министри во разговорот се согласиле дека повеќе од 20 години од почнувањето на спорот, односите се значително сменети. Аврамопулос се согласил дека веќе не е валиден првичниот грчки став, дека Македонија претставува закана за стабилноста на Балканот и дека има територијални претензии кон Грција.
24 септември 2012
24 септември 2012

Календар

Хајд Парк

Дали нешто ќе се промени во најголемата опозициска партија, СДСМ, по заминувањето на долгогодишниот лидер?

Дали нешто ќе се промени во најголемата опозициска партија, СДСМ, по заминувањето на долгогодишниот лидер?

Погледни го видеото

Анкета

The poll is loading, please wait ...
Анкета архива Poll archive